Во Холандија убиено 14-годишно момче, повеќе од 200 уапсени
- Хаотична и насилна новогодишна ноќ низ Холандија доведе до трагична смрт на 14-годишно момче и апсење на повеќе од 200 лица за немири и напади врз полицајци, а има и повредени од подметнување пожар и пиротехнички несреќи.
- Post By Марија Спасовска
- 15:12, 1 janar, 2025
Амстредам, 1 јануари 2025 (МИА) - Хаотична и насилна новогодишна ноќ низ Холандија доведе до трагична смрт на 14-годишно момче и апсење на повеќе од 200 лица за немири и напади врз полицајци, а има и повредени од подметнување пожар и пиротехнички несреќи.
Локалните медиуми јавуваат дека употребата на пиротехнички средства довела до трагична смрт на 14-годишно момче во експлозија во Ротердам.
Неколку лица низ државата се тешко повредени од употреба на пиротехнички средства.
Полициските службеници ја опишаа ноќта како „полна со уништување и насилство“, со значителни инциденти во градовите низ земјата.
Во неколку градови, вклучувајќи ги Харлем, Заандам, Ротердам, Хаг, Амстердам, Бреда и Гронинген, полицијата беше принудена да одговори на насилните немири. мс/
фото: МИА архива