• e martë, 11 mars 2025

Центарот за меѓукултурен дијалог организира работилници и за млади од рурални средини

Центарот за меѓукултурен дијалог организира работилници и за млади од рурални средини

Куманово, 11 март 2025 (МИА) - Младите од општина Липково двапати неделно учествуваат на работилници кои ги организира Центарот за меѓукултурен дијалог, соопштија денеска од организацијата. Центарот е сметен во село Матејче. Во недостиг на места за рекреација и излегување, креативните млади од 22 села учествуваат на работилници на различни теми.

- Без разлика дали доаѓаат од урбана или рурална средина, младите сакаат место за дружба. Разликата е во организацијата на активности. Пред две години го отворивме центарот во Липково. Иако, во општината нема организиран превоз, тоа на младите не им пречи, постојано се собираат и организираат работилници на нивни барања. Сосема поинаку е во општина Куманово. Тука ЦИД и Мулти Култи се присутни со години и секојдневно има работилници, изјави извршниот директор на ЦИД Нами Исаки.

ЦИД е една од најпознатите младински организации, меѓуопштинска е и добива поддршка од Куманово и Липково. Станува збор за центри кои ги менаџира ЦИД. Просториите на ЦИД секојдневно се посетени од стотици млади од мултиетничка средина какво што е Куманово. Во „Мулти Култи“ поминуваат и до 500 млади.

- Секојдневни активности од поезија, проза, ликовен клуб, секогаш е различно и интересно, изјави Исаки.

Продолжуваат активностите на ЦИД кои традиционално се организираат, во мај ќе се одржи меѓународната трка „Born to run“.

- Во моментов е позната состојбата со невладиниот сектор насекаде во светот, но ние продолжуваме, стабилни сме. Иако, сме организација надвор од Скопје, препознатливи сме насекаде, во регионот, државата и во Европа, изјави Исаки. ам/сст/


Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR