• e shtunë, 19 tetor 2024

Целосно реконструирана улицата „Луј Пастер“ во Велес што води покрај пругата кон Битола

Целосно реконструирана  улицата „Луј Пастер“ во Велес што води покрај пругата кон Битола

Велес,18 октомври 2024 (МИА) - По пет месеци изведување на подготвителни  градежни и други дополнителни  активности неделава со втор асфатен слој е послана со што и целосно е реконструирана улицата „Луј Пастер“ што води покрај пругата Велес-Битола во населбата Керамидна во новиот дел на Велес. Улицата е реконструирана со поддршка на од Министерството за транспoрт и врски преку Светската банка.

Општина Велес вложи и дополнување на финансиски средства за  да ја прошири улицата од една на две ленти во делот  на улицата од околу 200 метри  кај поранешната фабрика „Киро Кучук“ каде по долги преговарање со сопствениците на фабиката конечно Општината  доби согласност  по што е беше срушен потпорниот ѕид. Со тоа  улицата во тој дел од една доби две коловозни  ленти, а наскоро ќе изгради и нов потпорен ѕид, најави градоначалникот Марко Колев кој неделава направи увид во сработеното заедно со министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

Инаку претходно на оваа улица, Општина Велес од сопствени средства стави и дополнителна  водоводна линија која води до населбата Керамидна, а ќе биде  наменета  за станарите во  новата социјална зграда која се наоѓа во нејзина непосредна близина.

И покрај  30 годишните апели на жителите не се направени тротоари за нивно побезбедно движење по улицата на која минуваат и камиони со тешка механизација. Првично од Општина Велес на жителите им ветуваа  дека тротоари ќе бидат направени не долж целата улица туку само на  пооделни  делови од улицата, каде има можност да се направи тротоар. Но за жал тоа не се реализира, поради што жителите повтроно реагираат до локалната самопуправа.

Градоначалникот Колев  појасни дека проширувањето на оваа улица  е поради 30 годишното барање на жителите истата да се реконструира и прошири.

-Урнат е потпорниот ѕид со кој улицата е проширена и колите можат да се разминуваат. Но секој кој што ќе помине по оваа улица ќе може да увиди дека од едната страна е пругата, а од другата страна се дворовите на жителите и  ние не можеме  да ги уриваме, поради што  изградбата на тротоари на улицата „Луј Пастер“ не може да се реализира, појасни Колев.
 
Претходно, Општина Велес преговараше и со раковосството на ЈП Македонски Железници, но тие не и одобрија правење на делови од тротоар на ниеден дел од улицата „Луј Пастер“ во населбата Керамидна.ад/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR