• e shtunë, 19 tetor 2024

Почна асфалтирањето на две улици во штипската населба Леваци

Почна асфалтирањето на две улици во штипската населба Леваци

Штип, 18 октомври 2024 (МИА) - Започна асфалтирањето на улиците „АСНОМ“ и „Христијан Карпош“ во штипската населба Леваци. Овие улици се опфатени од проект на Општина Штип и се финсирани од Светска банка, преку ресурното министерство за траспорт и врски, истакна денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Со реконструкцијата на улиците истовремено се работи и на тротоарските површини и е инвестирано некаде околу девет милиони денари.

-Во изминатиот месец овде се работеше на промена на водоводната линија, која што е инвестиција на ЈП „Исар“.Паралелно се третираат тротоарските површини и се инвестираше некаде околу девет милиони денари, изјави Јорданов.

Тој додава дека  откако се изградени овие улици, никогаш  не била променета подземната инсталација, но и реконструирана инфраструктурата на нив.

-Верувам дека по подолг период откако е изградена пред повеќе од 40, 50 години, никогаш до сега не била променета подземната инсталација и никогаш не била реконструирана инфраструктурата која што се користи во оваа населба. Затоа еве фазно влегуваме, а веднаш штом ќе се заврши со реконструкцијата, односно со асфалтирањето овие две улици, ќе се навлезе со понатамошна реконструкција со понатамошна реконструкција и на останатите улици, рече Јорданов. вдј/

Фото: МИА 

QËNDRONI TË LIDHUR