• e shtunë, 19 tetor 2024

Во Велес одржан прв Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“ 2024

Во Велес одржан прв Меѓународен фестивал на сатирата „Џинот“ 2024

Велес, 18 октомври 2024 (МИА) - Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, Локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес и Општина Велес, вчера во Велес прв пат се одржа Меѓународниот фестивал на сатирата „Џинот“ 2024.

Како што информира денеска од Локалната библиотеа „Гоце Делчев“, во рамки на фестивалот е промовирана книгата на авторите Елеонора Николовска, Атанас Крлевски, Марјан Анѓеловски и Марија Ранѓеловиќ, „404 секојдневизми“, а се  доделени наградите на распишаниот меѓународен конкурс на афоризми на тема „Живот“. 

Првата награда на меѓународниот конкурс на афоризми на тема „Живот“, ја доби Славица Урумова – Марковска, втората награда  Абдурахман Халиловиќ Ахил од Риека, Хрватска, а третата Нада Караџиќ од Белград, Србија.

Наградата за најдобар афоризам му припадна на Јане Атанасов од Кочани, а специјалната награда за етно афоризам на Костадинка Витанова од Струмица

Како што информира проф д-р Елизабета Бандиловска промотор на книгата, „404 секојдневизми“ е збирка на афоризми која успева да ја долови суштината на животот преку кратки но длабоко осмислени афоризми.

-Се истакнува со својата разновидност, бидејќи е создадена од четири автори, со различни животни искуства. А тоа ја прави книгата витинско богатство, од мали мудрости и необични изблици на хумор, потенцира проф д-р Бандиловска.ад/

Фото: Клуб на писатели „Коста Солев Рацин“

 

QËNDRONI TË LIDHUR