• e shtunë, 19 tetor 2024

Градоначалникот Атанасовски изврши увид во градежните активности на црковните објекти

Градоначалникот Атанасовски изврши увид во градежните активности на црковните објекти

Македонска Каменица, 18 октомври 2024 (МИА) - Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски денеска изврши увид во градежните работи на старата градска црква Св.Илија. На оваа црква во моментот како што информираше Атанасовски се работи на изградба на помошните објекти кои се во завршна фаза. 

-Во рамки на денеска спроведените теренски активности, извршив увид во градежните работи за изградба на помошните објекти од 220 m² кај нашата стара градска црква „Свети Илија“ во Македонска Каменица. Претходно, целосно беше завршена изградбата на помошните објекти со површина од 120 м², во манастирот „Свети Архангел Михаил“ кај Аџиско маало во село Саса, информираше Атанасовски.

Според него станува збор за  мошне важна инвестиција во подобрувањето на условите на локалното население при одржувањето на народни собири на отворен простор, како и зачувување на културното наследство и развојот на религиозниот туризам.

-Сакам да ве уверам дека активностите од оваа програма ќе продолжат и во следниот период, со цел да ги задоволиме потребите на жителите од сите рурални средини во нашата општина. Во рамките на оваа визија, сакам да ја најавам и изградбата на локалниот пат до манастирот во Аџиско маало во текот на наредната година, нешто што дополнително ќе го олесни пристапот до ова значајно и се повеќе популарно духовно средиште во нашата општина, додаде Атанасовски 

Средствата во висина од приближно еден милион и седумстотини илјади денари за реализација на овој проект се обезбедени од буџетот на општина Македонска Каменица. вс/мч/

Фото: Општина Македонска Каменица

QËNDRONI TË LIDHUR