• e premte, 30 janar 2026

Хемиското училиште во Велес ќе се реконструира

Хемиското училиште во Велес ќе се реконструира

Велес, 29 јануари 2026 (МИА) - Во соработка со Владата  и Министерството за образование и наука обезбедени се финансиски средства, а веќе е избрана и фирма изведувач за реконструкција на фасадата на Средното стручно општинско училиште  „Димитрија Чуповски“  попознато како Хемиска, со што ќе се добие поголема енергетска ефикасност, намалување на трошоците за греење и ладење и заштита на околината, информира денеска градоначалникот Марко Колев.

Воедно, појасни дека дополнително ќе се изврши и реконструкција на кровот на спортската сала која ја делат двете училишта: Хемиска и Гимназија, со цел обезбедување безбедни и функционални услови за  спортски активности, зачувување на објектот и создавање пријатна средина за учениците и наставниците.

Училиштето во оваа училишна зграда работи од 1 септември 1956 година и годинава одбележува 70 години успешна работа. ад/вг/

Фото: МИА 

 

QËNDRONI TË LIDHUR