Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари
- Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари, информираат од локалната самоуправа.
Скопје, 29 јануари 2026 (МИА) - Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари, информираат од локалната самоуправа.
Право на поддршката, додаваат, ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова.
-Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар, посочил Герасимовски.
Со одлуката за зголемување на еднократната финансиска поддршка за новороденче, како што велат, локалната самоуправа уште еднаш потврдува дека поддршката за младите семејства и создавањето подобри услови за раст и развој на децата се меѓу врвните приоритети.вј/
Фото: Општина Центар