Амбасадорот на Полска, Мариуш Бримора, во посета на Кочани - во фокус развојните потенцијали на општината и можностите за соработка
- Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш Бримора, денеска ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов, на која размениле мислења за актуелните состојби и развојните потенцијали на градот, како и можностите за унапредување на соработката меѓу Општина Кочани и институции, организации и компании од Полска.
Кочани, 29 јануари 2026 (МИА) - Амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш Бримора, денеска ја посети Општина Кочани, при што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов, на која размениле мислења за актуелните состојби и развојните потенцијали на градот, како и можностите за унапредување на соработката меѓу Општина Кочани и институции, организации и компании од Полска.
Посебен акцент бил ставен на локалниот економски развој, инвестициите, образованието и искористувањето на европските фондови, информира локалната самоуправа.

Градоначалникот Грозданов го информирал амбасадорот Бримора за тековните проекти и приоритетите на локалната самоуправа и изразил подготвеност за продлабочување на соработката и воспоставување конкретни партнерства од заемен интерес.
Амбасадорот Бримора ја истакнал поддршката на Полска за развојот на локалните заедници и ја нагласил важноста на јакнењето на билатералните односи преку конкретни иницијативи на локално ниво.
Средбата завршила со заедничка оценка дека постои простор за идна соработка и реализација на заеднички проекти во повеќе области од значење за граѓаните на Кочани, стои во денешното соопштение на Општина Кочани. ис/вг/
фото : Општина Кочани