• e premte, 30 janar 2026

Откупени 480 тони тутун во Карбинци

Откупени 480 тони тутун во Карбинци

Карбинци, 29 јануари 2026 (МИА) – На откупните пунктови во општина Карбинци досега се откупени 480 тони тутун. Крајниот рок за откуп е 28 февруари. Потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Серафимов вели дека се очекува на 3 или 4 февруари да се отвори нов дежурен откупен пункт, најверојатно во селото Радање, на кој ќе се откупи заостанатиот тутун, што не е предаден во редовните откупни рокови. Квалитетот на тутунот ќе ја одреди класата и цената при откупот.

-Завршниот рок за откуп на тутунот е до 28 февруари, што значи дека има цел месец за откуп на тутунот. Во нашата општина, во Карбинци има откупено околу 480 тони тутун, а на државно ниво има откупено околу 25 милиони тони, изјави Серафимов. 

Тој вели дека откупената количина на тутун досега е добра, а во следните месец дена се очекува истата да биле поголема.

-Мислам дека и оваа бројка што е сега не е мала, бројката е добра, па понатаму ќе видиме како ќе се одвиват работите. Сега е најбитно да се откупи целокупниот произведен тутун. Имаше и есенски тутун, берен покасно, бидејќи оваа есен имаше повеќе дожд, затоа имаше нешто плус, а околу сушењето имаше проблем. Договорено е да се откупи целата заостаната реколта, рече Серафимов. вдј/вј/

Фото: МИА 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR