• e diel, 23 qershor 2024

Утре истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ

Утре истекува рокот за регистрација за изборите за претседател на СДСМ

Скопје, 22 јуни 2024 (МИА) - Утре истекува рокот за активна регистрација на членовите на СДСМ за гласање на вонредните внатрепартиски избори за партиски лидер, што ќе се одржат на 30 јуни.

За нов лидер на СДСМ се кандидираа Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски.

Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места на локално ниво.

За нов претседател на СДСМ ќе се смета оној кандидат кој ќе ја добие поддршката од мнозинството членови кои гласале на внатрепартиските избори.

Вонредните внатрепартиски избори беа закажани откако поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски поднесе оставка по поразот на парламентарните избори. дма/мч/

Фото:СДСМ

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR