• e martë, 25 qershor 2024

Пожар во атарот на село Уланци, гори сува трева и жито

Пожар во атарот на село Уланци, гори сува трева и жито

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Центарот за управување со кризи попладнево информира за пожар на отворен простор во атарот на село Уланци, во општина Градско, каде гори сува трева и жито. На терен интервенираат осум пожарникари со две противпожарни возила.

- Интервенираат ТППЕ Велес со четири пожарникари и едно противпожарно возило. Зафатена е површина со сува трева и жито. Дополнително е побарана помош од страна на ТППЕ Велес со уште една екипа од четворица пожарникари и едно противпожарно возило, соопшти ЦУК. дма/

 

Фото:ЦУК 

GJITHASHTU MUND TË Pëlqejë

QËNDRONI TË LIDHUR