• e hënë, 24 qershor 2024

Невреме со силен дожд и грмотевици во Скопје

Невреме со силен дожд и грмотевици во Скопје

Скопје, 23 јуни 2024 (МИА) - Скопје вечерва е зафатено од силно невреме проследено со силен ветер, грмотевици и град на некои места.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека поголема нестабилност се преместува преку западниот дел на Скопје и слабо се движи кон север до североисток.

Претходно, тетовскиот регион денеска попладне беше зафатен од пороен дожд, грмежи, засилен ветер и повремено појава на град.

Од ЦУК информираат дека големото количество поројни води предизвика поплавување на дворови и подруми на повеќе од педесетина куќи и објекти во пониските делови на градот.

-На 112 во ЦУК има повеќе од 200 пријави на штети на возила, вклучително и на скршени ветробрански стакла на возила во движење на автопатот Скопје-Тетово, особено во делот на општина Желино, соопштуваат од ЦУК. дма/ев/

Фото:МИА

QËNDRONI TË LIDHUR