Украина изврши нови напади врз руската енергетска инфраструктура
- Во текот на ноќта, украински дрон нападнал енергетски објект во руската област Астрахан, при што едно лице било повредено, а избувнал и пожар, изјави регионалниот гувернер Игор Бабушкин.
- Post By Сања Костовска
- 09:03, 17 mars, 2025

Москва, 17 март 2025 (МИА) - Руските сили уништиле 72 украински беспилотни летала над неколку региони во Русија, од кои 36 биле соборени над областа Курск, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Во текот на ноќта, украински дрон нападнал енергетски објект во руската област Астрахан, при што едно лице било повредено, а избувнал и пожар, изјави регионалниот гувернер Игор Бабушкин.
„Ситуацијата е под контрола,“ посочи Бабушкин во објава на апликацијата Телеграм, но не прецизираше кој објект бил погоден. Додаде дека повреденото лице е хоспитализирано. ссм/
фото: архива