Мелони и кралот на Јордан разговараа за хуманитарна помош за Газа
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Рим разговараше со јорданскиот крал Абдула Втори за итните хуманитарни потреби во Газа, соопшти нејзиниот кабинет.
- Post By Марија Спасовска
- 18:00, 17 mars, 2025

Рим, 17 март 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска во Рим разговараше со јорданскиот крал Абдула Втори за итните хуманитарни потреби во Газа, соопшти нејзиниот кабинет.
Во соопштението се наведува дека „на средбата првенствено станало збор за ситуацијата во Газа, каде што хуманитарните потреби остануваат итни“, пренесоа италијанските медиуми.
Мелони и кралот Абдула Втори истакнаа дека постои „цврста соработка“ меѓу двете земји во доставувањето хуманитарна помош, во рамките на италијанската иницијатива „Храна за Газа“ и иницијативата за јордански воздушен транспорт, за што Италија придонесе со хеликоптери од своето Министерство за одбрана, кои ги стави на располагање. мс/
фото: ДПА