• e martë, 18 mars 2025

Пентагон: За време на Доналд Трамп, опсегот на бомбардирање против јеменските Хути се проширува

Пентагон: За време на Доналд Трамп, опсегот на бомбардирање против јеменските Хути се проширува

Вашингтон, 17 март 2025 (МИА) - Пентагон соопшти дека операциите против јеменските шиитски бунтовници Хути, поддржани од Иран, се различни од оние под претходната американска администрација, бидејќи тие вклучуваат поширок опсег на цели, вклучително и високи членови на движењето.

Генерал-полковник Алекс Гринкевич, началник на Одделот за операции на началникот на Здружениот Генералштаб на САД, објасни дека првиот бран напади во тековната кампања во Јемен биле насочени кон повеќе од 30 цели, вклучувајќи кампови за обука и високи експерти кај Хутите за беспилотни летала.

Гринкевич додаде дека десетици членови на Хутите биле убиени во нападите. Како што е познато, владата на поранешниот американски претседател Џо Бајден во своите напади не таргетирала високи претставници на бунтовничкото движење.

Вчера Министерството за здравство на Хутите извести за најмалку 53 смртни случаи во Јемен во американски напади. Според податоците на одделот, меѓу жртвите има пет деца и две жени, а повредени се 98 лица. Податоците не можат да бидат потврдени од независен извор. мс/

фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR