
18 март 2025
Вашингтон - Телефонски разговор меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, за американско-руското зближување и, како што објавија САД, за ставање крај на руската војна во Украина.
Берлин - Германскиот парламент на вонредна седница треба да гласа за големиот инвестициски план за војската и економијата.
Берлин - Средба меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон.
Брисел - Еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе се сретне со вицепремиерот на Црна Гора Алекса Бечиќ и министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ.
Луанда, Ангола - Владата на Демократска Република Конго и бунтовничката група М23, која води војна против неа, започнуваат преговори.