Трамп: Утре ќе разговарам со Путин (ДПЛ)
- Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека планира утре да разговара си рускиот претседател Владимир Путин
- Post By Марина Илиевска
- 07:57, 17 mars, 2025

Вашингтон, 17 март 2025 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека планира утре да разговара си рускиот претседател Владимир Путин.
- Со Путин ќе разговарам во вторник. Завршена е многу работа во текот на викендот. Сакаме да видиме дали можеме да ја завршиме војната. Можеби можеме, можеби не можеме, но мислам дека имаме многу добри шанси, изјави Трамп на новинарите во „Ер форс 1“ за време на доцниот лет од Флорида до Вашингтон.
Тој додаде и дека со Путин ќе разговара и „за земја“, „за електрани“ и „за поделба на одредени средства“.
- Мислам дека многу од ова веќе е опширно разговарано од двете страни – Украина и Русија. Ние веќе зборуваме за тоа за да поделиме некои средства, наведе Трамп.
Тој се обидува да го убеди Путин да го прифати американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот во конфликтот помеѓу Москва и Киев, што почна на 24 февруари 2022 година. ми/
фото: ЕПА архива