Портпарол на Стармер: Повеќе од 30 земји подготвени да бидат во „Коалиција на волните“
- Се очекува повеќе од 30 земји да бидат дел од таканаречената „Коалиција на волните“, која треба да ја поддржи Украина, изјави портпаролот на Стармер. „Придонесите ќе се разликуваат, но ова ќе биде значајна сила, со голем број земји што испраќаат војници“, додаде тој.
- Post By Сашко Димевски
- 15:24, 17 mars, 2025

Лондон, 17 март 2025 (МИА) – Велика Британија и Франција ја предводат иницијативата за мировен план во Украина, откако американскиот претседател Доналд Трамп започна преговори за договор со Русија. Голем број земји изразија подготвеност да испратат мировни сили во Украина во случај на мировен договор со Русија, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер, пренесоа британските медиуми.
Се очекува повеќе од 30 земји да бидат дел од таканаречената „Коалиција на волните“, која треба да ја поддржи Украина, изјави портпаролот на Стармер. „Придонесите ќе се разликуваат, но ова ќе биде значајна сила, со голем број земји што испраќаат војници“, додаде тој.
Русија постојано ја отфрла идејата за стационирање војници од земјите членки на НАТО во Украина. На прашањето дали мировниците ќе имаат право да возвратат ако бидат нападнати, портпаролот рече дека се одржуваат состаноци за воено планирање за да се разрешат деталите.
Стармер во саботата одржа состанок со европските и другите светски лидери за да ја зајакне поддршката за коалицијата, додека воените претставници ќе се состанат в четврток во велика Британија за да разговараат за начините за обезбедување прекин на огнот.
На прашањето за руските изјави дека Москва нема да прифати европски мировни сили во Украина, портпаролот на Стармер рече: „Вреди да се потсетиме дека Русија не ја праша Украина кога минатата година испрати севернокорејски војници на фронтот“.
Велика Британија и Франција продолжуваат да вршат притисок врз САД да обезбедат безбедносни гаранции кои би ги одвратиле идните руски напади.сд/
фото:МИА архива