Шмихал: Советот на ЕУ одобри 3,5 милијарди евра помош за буџетот на Украина
- -Средствата ќе ги насочиме за приоритетни и важни буџетски расходи, рече Шмихал, пренесе Укринформ
- Post By Сашко Димевски
- 15:37, 17 mars, 2025

Киев, 17 март 2025 (МИА) - Советот на Европската унија одобри распределба на 3,5 милијарди евра помош за буџетот на Украина, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.
Шмихал на каналот Телеграм напиша дека ова е значајна помош која ќе придонесе за зајакнување на државните институции.
-Средствата ќе ги насочиме за приоритетни и важни буџетски расходи, рече Шмихал, пренесе Укринформ.
Тој им се заблагодари на европските партнери за помошта, посочувајќи дека Украина очекува наскоро да ги добие овие средства.
-Заедно ќе обезбедиме мир и безбедност во Европа, рече Шмихал.
Тој на 13 март рече дека Украина добила 1,5 милијарди евра во рамките на иницијативата ЕРА на Г7. Шмихал истакна дека овие средства, обезбедени со приходи од замрзнати руски средства, ќе бидат насочени кон приоритетните потреби на државниот буџет.сд/
фото:МИА архива