• e mërkurë, 03 korrik 2024

Таравари: Работиме на решение за компресорите во хируршките сали

Таравари: Работиме на решение за компресорите во хируршките сали

Скопје, 1 јули 2024 (МИА) - Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ние ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на хирургија во Клиничкиот центар, изјави денеска министерот за здраство Арбен Таравари, кој имаше средба со новинарите. 

Таравари, меѓу другото, на средбата со новинарите најави дека за најмногу две недели ќе има нова Позитивна листа, но и модернизирање на јавното здравство, мобилни екипи за граѓаните да пријавуваат директно проблеми во здравството, преговори со доктори за работа во периферијата и друго. бд/ев/

Фото: МИА

QËNDRONI TË LIDHUR