Советот за безбедност на ОН ги осуди иранските напади врз заливските земји и Јордан
- Советот за безбедност на ОН гласаше за резолуцијата поднесена од заливските земји, која ја поддржаа повеќе од 130 земји, пренесе Би-Би-Си.
- Post By Јасмина Тасевска
- 21:16, 11 mars, 2026
Њујорк, 11 март 2026 (МИА) – Советот за безбедност на ОН гласаше за резолуцијата поднесена од заливските земји, која ја поддржаа повеќе од 130 земји, пренесе Би-Би-Си.
Резолуцијата доби 13 гласа „за“, додека Русија и Кина беа воздржани.
Резолуцијата ги осудува нападите врз земјите од заливот и врз Јордан извршени од страна на Иран. Исто така, се бара итен прекин на сите напади и закани од Иран, вклучително и преку неговите сојузници.
Дополнително, се осудуваат сите активности на Техеран кои би го затвориле или би попречиле меѓународниот поморски сообраќај низ клучниот Ормуски Теснец.
Во резолуцијата не се споменуваат воздушните напади на САД и Израел против Иран. јт/
Фото: МИА архива