Мелони: Лидерите на Г7 ќе останат во близок контакт за кризата во Заливот
- Лидерите на блокот нации од Групата седум (Г7) се согласија да останат во близок контакт „во наредните недели“ за да помогнат во решавањето на кризата во Заливот, стабилизирање на пазарите и заштита на снабдувањето со енергија, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
- Post By Јасмина Тасевска
- 20:45, 11 mars, 2026
Рим, 11 март 2026 (МИА) – Лидерите на блокот нации од Групата седум (Г7) се согласија да останат во близок контакт „во наредните недели“ за да помогнат во решавањето на кризата во Заливот, стабилизирање на пазарите и заштита на снабдувањето со енергија, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Мелони рече дека лидерите на Г7 претходно во текот на денот разговарале за економските и енергетските импликации од војната во Иран, додавајќи дека е важно моменталната нестабилност на пазарот да не резултира со структурно влијание врз економскиот раст.
Таа, исто така, ја поздрави одлуката на Меѓународната агенција за енергија за ослободување до 400 милиони барели сурова нафта за стабилизирање на пазарите, но не кажа колку Италија ќе придонесе од своите резерви.
Мелони претходно за време на состанокот на Г7 предложи лидерите од седумте најразвиени земји да се сретнат со лидерите на земјите од Советот за соработка во Персискиот Залив. јт/
Фото: Мелони на Фејсбук