Министрите за надворешни работи на Русија и Оман разговара за можни начини за завршување на кризата со Иран
- Министрите за надворешни работи на Русија и Оман, Сергеј Лавров и Саид Бадр бин Хамад бин Хамуд Албусаиди, разговараа за спречување на понатамошна ескалација на ситуацијата околу Иран, истакнувајќи ја недозволивоста на вклучување на трета страна во конфликтот, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
- Post By Јасмина Тасевска
- 21:00, 11 mars, 2026
Москва, 11 март 2026 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Русија и Оман, Сергеј Лавров и Саид Бадр бин Хамад бин Хамуд Албусаиди, разговараа за спречување на понатамошна ескалација на ситуацијата околу Иран, истакнувајќи ја недозволивоста на вклучување на трета страна во конфликтот, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„За време на разговорите, детално беа разменети мислења за ситуацијата околу Иран, со акцент на наоѓање начини за што поскоро завршување на вооружениот конфликт“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
„Беше потврден ставот во корист на спречување на понатамошна ескалација и итно враќање кон политичко и дипломатско решавање. Беше нагласена недозволивоста на вклучување на трети страни, првенствено на земјите од Заливот, во конфликтот, бидејќи тоа носи ризик од проширување на опсегот на активни воени дејствија“, се вели во соопштението.
„Сергеј Лавров ја истакна подготвеноста на Русија да дејствува во потрага по компромисни мирни решенија засновани на почитување на принципот на суверенитет и еднаквост на сите држави и други фундаментални норми на меѓународното право“, соопшти руското Министерство за надворешни работи. јт/
Фото: МИА архива