• e enjte, 12 mars 2026

Вадефул: Нема знаци за мини во Ормускиот теснец

Вадефул: Нема знаци за мини во Ормускиот теснец

Доха, 11 март 2026 (МИА) – Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека во моментов нема индикации дека Ормускиот теснец, клучен воден пат за глобалното снабдување со нафта лоциран помеѓу Иран и Оман, е миниран.

Вадефул, говорејќи во Катар за време на турнејата низ Блискиот Исток, рече дека преминот е практично блокиран.

- Практично нема бродски сообраќај и никој во регионот не е во позиција да обезбеди соодветна заштита – рече тој.

Транспортот на енергенси од производителите преку стратешки важниот Ормуски теснец главно е во застој поради безбедносни грижи по американско-израелските напади врз Иран и одговорот на Техеран.

Извештаите дека Иран можеби поставил поморски мини во водениот пат дополнително ги зголемија стравувањата за глобалното снабдување со енергија.

Вадефул призна дека ситуацијата во Ормускиот теснец има масовно влијание врз глобалното снабдување со енергија, пренесе ДПА.

- Ова де факто затворање на Ормускиот теснец природно има сериозни импликации за енергетската безбедност и снабдувањето со енергија, особено во Азија – рече Вадефул, додавајќи дека и европските пазари се индиректно погодени.

- На крајот на краиштата, гледам само дипломатско решение за ова прашање за безбеден премин низ Ормускиот теснец, а не воено – рече тој.

Ормускиот теснец е еден од најважните премини во глобалната трговија со енергија. Околу една петтина од глобалните пратки на нафта вообичаено поминуваат низ теснецот секој ден. јт/

Фото: ДПА

QËNDRONI TË LIDHUR