Претседателот на Иран ги постави условите за крај на војната: признавање на правата, репарации, гаранции
- Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната која почна на 28 февруари со американско-израелските напади врз Иран.
- Post By Јасмина Тасевска
- 20:57, 11 mars, 2026
Техеран, 11 март 2026 (МИА) – Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната која почна на 28 февруари со американско-израелските напади врз Иран.
„Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква било идна агресија“, напиша Пезешкијан на Х.
Иранскиот претседател додаде дека за време на разговорите со лидерите на Русија и Пакистан, ја потврдил посветеноста на Иран за мир во регионот. јт/