• e martë, 18 mars 2025

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членките на Комората изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства во трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски одговорноста мора да ја издигне на највисок пиедестал. 

- Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци, авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета. Да не зборувам за приватниот бизнис - сектор затоа што моите ставови ви се познати. Овде е потребен само еден збор – одговорност, којашто Владата на премиерот Мицкоски мора да ја издигне на највисок пиедестал. Тоа значи санкции за сите, попуст за никого, се посочува во писмената изјава на Азески.

СКСМ и членките – најреномираните македонски компании изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства. СКСМ од денеска ќе ги организира своите членки кои изразија желба организирано, преку Комората да помогнат на семејствата на настраданите и тоа ќе биде координирано преку Стручната служба на Комората (Билјана Лепавцова 071 291-736). 

Како прва интервентна помош, вработените во Стопанската комора на Северна Македонија во текот на утрешниот ден ќе донираат 2 милиони денари на сметката на локалната самоуправа во Кочани. Другата синхронизирана поддршка од компаниите ќе биде итно доставена.

-Иако е невообичаено во вакви прилики да се додаваат и други работи, би сакал да изразам сочувство и до сопствениците и менаџерите на компаниите од тој регион чии вработени доживеаа загуба која е ненадоместлива. Знам дека нема зборови за утеха, но човечки е да се изрази сочувство и да се помогне во вакви моменти, бидејќи Kомората со своите членки е едно семејство, посочува Азески, соопшти ССКМ.

До Комората пристигнале и писма за сочувство од партнерските комори кои изразиле подготвеност да помогнат за се што е потребно. ев/са/

ФОТО: ССКМ 

QËNDRONI TË LIDHUR