Завршен распитот на градоначалникот на Кочани, дополнително одлука за неговиот натамошен статус во постапката
- Обвинителството вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.

Скопје, 17 март 2025 (МИА) - Обвинителството вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката.
- Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката, информираат од Обвинителството.
Градоначалникот на Кочани денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Во моментот се врши распит и на други лица за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани во кој загинаа 59 лица.
На распит во Основниот суд во Кочани донесени се и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски. бак/
Фото: МИА архива