Северна Кореја ја предупреди Јапонија да не распоредува ракети со долг дострел на островот Кјушу
- еверна Кореја ја предупреди денеска Јапонија да го откаже планираното распоредување на ракети со долг дострел на островот Кјушу во март идната година, наведувајќи дека тоа ќе доведе до „трајна ескалација на тензиите“ во североисточна Азија.

Пјонгјанг, 20 март 2025 (МИА) - Северна Кореја ја предупреди денеска Јапонија да го откаже планираното распоредување на ракети со долг дострел на островот Кјушу во март идната година, наведувајќи дека тоа ќе доведе до „трајна ескалација на тензиите“ во североисточна Азија.
Токио ја разгледува можноста за распоредување ракети со долг дострел на островот Кјушу како дел од неговите напори да го зајакне „својот капацитет за одмазднички напади“ за да погоди непријателски цели во итни случаи, пренесе севернокорејска новинска агенција, повикувајќи се на јапонски владини извори.
Пјонгјанг ја обвини Јапонија дека ја продолжува својата историја на агресија преку потези како што е континуирано зајакнување на воениот сојуз меѓу САД и Јапонија, како и соработката со силите на НАТО, пренесува агенцијата, цитирајќи полициски претставник од Институтот за студии поврзани со Јапонија, кој работи во рамки на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја. рп/
Фото: МИА архива