• e enjte, 13 mars 2025

СДСМ: ДПМНЕ да одговори кој од Белата палата се јави за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол

СДСМ: ДПМНЕ да одговори кој од Белата палата се јави за да има куќен притвор за Асмир Пуцко Петрол

Скопје, 12 март 2025

ДПМНЕ наместо да си ја ишка мувата на капата треба да одговори дали откако бил поднесен предлог за притвор по интервенција од Белата палата следувало препавање на решението во куќен притвор?

Зошто надлежните судови досега не го преиначиле ова решение за куќен притвор иако имаат надлежност за тоа?

Или ДПМНЕ е над сите закони и судови и што ќе каже белата палата тоа е? 

Јасно е зошто има само куќен притвор за осомничениот Асмир Јахоски, од Пуцко Петрол.

Старо-новата  коалиција на ДПМНЕ и ДУИ очигледно си функционира одлично.

Коалицијата ДУИ и ДПМНЕ го пушти и Артан Груби да избега преку граница и да биде недостапен за правдата.  Поминаа цели 3 месеци власта не презема ништо да го врати.

Кога Бојан Стојановски ќе држи прес конференции следен пат нека одговори што и должи ДПМНЕ на ДУИ. За колкави провизии станува збор?

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

_____________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR