МВР Билтен (ДПЛ)
- На 12.03.2025 во 07.40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К.(35) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот, против К.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје, 13 март 2025 (МИА) - На 12.03.2025 во 06.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во село Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во различни апоени. А.П. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во 07.40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К.(35) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Запознаен е јавен обвинител од основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот, против К.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 12.03.2025 во ОВР Гевгелија, во присуство на родител, бранител и социјален работник, бил извршен службен разговор со 17 – годишник од гевгелиско село. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, два грендери и други предмети. Дополнително, во ОВР Гевгелија бил повикан и братот на малолетникот и со него, исто така, бил извршен службен разговор за потекло на пронајдените предмети. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 11.30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода В.З.(49) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана и семки од растението канабис. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против О.Р.(36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против У.С.(40) и А.О.(20), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 15.12.2024, полициски службеници ги затекнале тројцата со уште едно лице како во патничко возило, сопственост на второпријавениот, користат марихуана, која ја набавил третопријавениот од лице од Штип, а со посредство на првопријавениот. Подоцна, полициски службеници извршиле преглед во патничкото возило, управувано од второпријавениот, при што кај него и во возилото била пронајдена и одземена марихуана.
На 12.03.2025 во 12.00 часот во населба на подрачјето на општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.С.(37) од скопско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 04.00 часот физички ја нападнал неговата 43-годишна поранешна партнерка, оштетил мобилен телефон, ги туркал нејзините три малолетни ќерки и со тврд предмет ја оштетил влезната врата од нивниот дом. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 12.45 часот во СВР Скопје, В.С.(45) од Скопје пријавила дека околу 12.30 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Шуто Оризари, била физички нападната од М.С.(32) од Скопје, која ѝ го оштетила мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од својот сопруг Е.Д.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.03.2025 во 01.35 часот на крстосницата на магистралниот пат Кичево – Охрид со улицата „Железничка“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода М.А.(39) од кичевското село Шутово. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген венто“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,80 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
На 12.03.2025 во 20.10 часот во СВР Скопје, Н.Н.(21) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од Ќ.Ф.(38) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка подолго од една година била во врска со лицето Ј.Н, кој без нејзино знаење снимил видео материјал од нивен полов однос. Според пријавеното, откако таа го известила дека сака да ја прекине врската, лицето ѝ упатувало закани и ја уценувало да не ја прекинува врската доколку сака видеото да не го објави на социјални мрежи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.03.2025 во 00.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Г.(30), С.Ф.(58), А.Г.(36) и Е.Ф.(32) сите од с.Зелениково, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 12.03.2025 околу 17.00 часот, поради недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнале Е.Б.(23) од с.Страхојадица, скопско и Е.Н, при што употребиле тврд и метален предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 12.03.2025 околу 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Текија, скопско, поради претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Н.(28) од Куманово и Ф.Т.(28) од с.Текија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 12.03.2025 во 21.30 часот во СВР Скопје, од Јавното комунално претпријатие Гази Баба било пријавено дека од 22.00 часот на 08.03.2025 до 07.00 часот на 10.03.2025 во Булачани, населението и вработените забележале дека водата има променета боја и миризба. По извршени проверки од Јавното комунално претпријатие Гази Баба, било констатирано дека во водоводниот систем во делот после изворот и пред резервоарите за вода била вметната непозната супстанца. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (13.03.2025) во 00.50 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Гевгелија, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки не застанало на даден знак од полициски службеници за запирање, продолжило со движење и удрило во службено возило „форд“ на ФРОНТЕКС - Европска агенција за гранична и крајбрежна стража, по што го напуштило местото. Набргу, возилото било пронајдено, а возачот го напуштил местото и се преземаат мерки за негово пронаоѓање и за расчистување на случајот.
На 12.03.2025 во 20.10 часот во СВР Битола, А.Т.(19) од Битола пријавил дека во Битола бил каснат од куче скитник .
На 12.03.2025 во 22.00 часот во СВР Битола, Б.М.(47) од Битола пријавила дека во Брусничка населба во Битола била касната од куче скитник.
На 12.03.2025 во 22.40 часот во ОВР Прилеп, Р.М.(58) од Прилеп пријавил дека на кеј „1 Мај“, неговата малолетната ќерка била касната од куче скитник.
СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Е.(32) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. На 16.09.2024, пријавениот телефонски стапил во контакт со едно женско лице, лажно се претставил дека е менаџер на Агенција за помош на жртви од измами и дека ќе ѝ помогне да ги врати паричните средства од претходна измама во износ од 5.000 евра, по што побарал од неа на телефонот да симне апликација и да му даде лозинка за да има увид во нејзината трансакциска сметка. По ова, таа подигнала кредит од 200.000 денари, од кои 150.000 денари ги уплатила на трансакциска сметка на пријавениот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,кражба“ и „пустошење шуми“. На 11.10.2024 во Прилеп, пријавениот не застанал со возилото „сеат алхамбра“ на даден знак од полициски службеници, по што го напуштил возилото, во кое подоцна биле пронајдени нежигосани дрва кои потекнувале од шума со која стопанисува Јавното претпријатие „Национални шуми“.
СВР Велес поднесе кривична пријава против А.М.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем’’. На 25.01.2025, пријавениот противправно ја присвоил платежната картичка на неговата мајка и во два наврати извршил плаќање во Република Хрватска во вкупен износ од 41.962 денари.
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.У.(62) од с.Јакреново поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 05.09.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на едно лице во с.Јакреново, каде бил присутен пријавениот, при што кај него бил пронајден и одземен пиштол „Црвена застава“ калибар 7.62мм и куршуми калибар 7.62мм.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Б.(41) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 28.05.2024 во Прилеп, од пријавениот било одземено товарно возило „рено мастер“ затоа што при извршена контрола и проверка било констатирано дека идентификацискиот број на возилото бил фалсификуван. нд/
Фото: МИА архива