Реакција на ДУИ на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за Законот за јазици
- Иронијата е што овие обвинувања доаѓаат од партијата која официјално поднесе жалба до Уставниот суд за укинување на Законот за употреба на јазиците. Партијата што се противи на меѓународен ветинг за политичките лидери и функционерите.

Скопје, 13 март 2025
Последната изјава на премиерот Мицкоски, во која тврди дека ДУИ не се грижи за Законот за јазици и за албанските прашања, туку само за заштита од наводни криминали, претставува уште едно допрено дно на еден премиер кој ја труе и поларизира етничката и политичката сцена до точка на нефункционалност на државата.
Иронијата е што овие обвинувања доаѓаат од партијата која официјално поднесе жалба до Уставниот суд за укинување на Законот за употреба на јазиците. Партијата што се противи на меѓународен ветинг за политичките лидери и функционерите.
Партијата што е заробена од олигарсите на криминалната приватизација и на секој можен начин ја блокира ревизијата на овој процес.
Партијата што го заробува правосудниот систем и независните институции, укинувајќи ја правната држава и механизмите на Охридскиот договор.
ДУИ е партијата што интегрираше целосно маргинализиран народ, што ја внесе државата во НАТО и што изгради функционална мултиетничка демократија.
И токму ова ги плаши овие политичари – една мултиетничка, европска демократија.
Тие сакаат недостаток на европски надзор, сакаат национализам и етничка омраза да доминираат во јавниот дискурс – како совршена средина за заробување на државата и злоупотреба на народните пари.
ДУИ нема да дозволи европската иднина на државата да биде жртва на мрачни интереси и политички манипулации од оние што сакаат да ја вратат земјата во времињата на поделби и несигурност.
ДУИ
_____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива