Муртезани: Се уште сме меѓу најподготвените држави во регионот за пристапување кон ЕУ
- Во врска со македонско-бугарските односи, Муртезани оцени дека најголемата пречка е недостигот на доверба. Земјава, рече, го направи првиот чекор и комуникација има, но треба да се спушти на институционално ниво и да се прошири. За внесувањето, пак, на Бугарите во Преамбулата на Уставот, тој е дециден дека формално правно таков чекор ќе се потегне кога во Собранието ќе има двотретинско мнозинство, но Македонија, потенцира, се залага процесот на проширување да го направи попредвидлив со оглед дека повеќе пати имавме искуство со редовни блокади што, нагласи, не прави многу повниматели. Според Муртезани, се што ќе значи дека процесот на преговори ќе заврши без да биде блокиран, за нас е добредојдено. На прашањето до кога би можеле да бидат изгласани уставните измени, тој повтори дека Владата е подготвена да го потегне тоа ако добие сигнал дека процесот на преговри нема да биде блокиран.
- Post By Мирјана Чакарова
- 21:43, 14 mars, 2025

You need to login to view this page