• e diel, 02 mars 2025

Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп

Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп

Брисел, 1 март 2025 (МИА) - Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски да најде начин да ги поправи односите со Трамп, пренесоа светските агенции.

„Она што му го кажав на претседателот Зеленски е: „Верувам, драг Володимир, дека вие треба да најдете начин да ги поправите вашите односи со Доналд Трамп и американската администрација“, изјави Руте за Би-Би-Си.

„Ние треба да останеме заедно, САД, Украина и Европа, за да донесеме траен мир во Украина“, нагласи Руте. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR