• e hënë, 03 mars 2025

Во Лондон собир за поддршка на Украина

Во Лондон собир за поддршка на Украина

Лондон, 2 март 2025 (МИА) – Стотици луѓе се собраа пред канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер и собирот за поддршка на Украина го почнаа со интонирање на украинската химна.

Собирот се одржува кога европските лидери во Лондон разговараат за безбедноста на Украина.

Демонстрантите вееја украински знамиња и транспаренти – „Војната во Украина не е завршена! Собир за Украина. Свету, разбуди се!“, „Руското заробеништво убива“, „Капут Путин“.

Исто така е истакнат и неколку метри долг транспарент на кој пишува: „Кога ќе падне и последниот украински војник, Путин ќе дојде по вас, дами и господа!“. ми/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR