Нетанјаху: Израел го прифати, но Хамас го одби планот на Виткоф за примирје во Појасот Газа
- Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Тел Авив го прифатил планот на американскиот пратеник Стив Виткоф за продолжување на примирјето во Појасот Газа, но Хамас го одбил
- Post By Марина Илиевска
- 08:21, 3 mars, 2025

Тел Авив, 3 март 2025 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху синоќа изјави дека Тел Авив го прифатил планот на американскиот пратеник Стив Виткоф за продолжување на примирјето во Појасот Газа, но Хамас го одбил.
- Според планот на Виткоф, половината од заложниците би биле ослободени веднаш, а другата половина би била ослободена кога ќе се постигне договор за траен прекин на огнот, посочи Нетанјаху.
Според него досегашните позиции на Хамас, кој го одби планот, се неприфатливи.
Нетанјаху истакна дека Израел вчера го блокирал влезот на помошта во Појасот Газа бидејќи Хамас наводно ја крадел помошта и ја користел за финансирање на „терористички“ планови.
Тој повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп е „најголемиот пријател што Израел некогаш го имал во Белата куќа“, кој извршил притисок за ослободување на заложниците.
Израел се согласи со планот на Виткоф за привремен прекин на огнот во Појасот Газа за време на периодот на Рамазан и Пасха, според кој Израел би можел да продолжи со борбите по 42 дена. ми/
фото: ЕПА