• e hënë, 03 mars 2025

Гунба избран за нов претседател на Абхазија

Гунба избран за нов претседател на Абхазија

Сухуми, 2 март 2025 (МИА) – Бадра Гунба со освоени 54,73 отсто од гласовите победи на вчерашните претседателските избори во Абхазија, држава признаена само од Русија.

За противкандидатот на Гунба, поранешниот министер за економија Адгур Арѕинба гласале 41,54 проценти од граѓаните.

Претседателот на Русија, Владимир Путин му ја честиташе победата на Гунба.

Претседателските избори во Абхазија беа организирани откако во ноември планираното потпишување на договор за инвестирање со Русија предизвика масовни протести против тогашниот претседател Аслан Бжанија, кој поднесе оставка.

Абхазија, која политички, воено и економски е многу зависна од Москва, по граѓанската војна во 1992 година еднострано прогласи независност од Грузија.

Во 2008 година, по војната помеѓу Грузија и Русија за регионот на Јужна Осетија, кој потоа исто така се отцепи од Тбилиси, Москва го призна суверенитетот на Абхазија и Јужна Осетија. ми/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR