• e hënë, 03 mars 2025

Абделати: Готов е египетскиот план за обнова на Појасот Газа

Абделати: Готов е египетскиот план за обнова на Појасот Газа

Каиро, 2 март 2025 (МИА) – Шефот на египетската дипломатија Бадр Абделати денеска изјави дека е готов планот на Каиро за обнова на Појасот Газа, кој ќе биде претставен на 4 март на Самитот на Арапска лига.

Тој наведе дека Египет ќе побара меѓународна поддршка за планот, а Европа ќе има одлучувачка улога во финансирањето на обновата на палестинската енклава.

- Ќе водиме интензивни преговори со главните земји кои можат да донираат средства откако планот ќе биде одобрен на претстојниот Самит, наведе Абделати на заедничката прес-конференција со европската комесарка за Медитеранот, Дубравка Шуица.

Тој го повтори ангажманот на Египет за договорот за примирје во Појасот Газа, што треба да има и втора фаза, потенцирајќи оти „ќе биде многу тешко, но со добра волја и политика одлучност тоа може да биде постигнато“.

Абделати посочи и дека е недозволива денешната блокада на испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа од страна на Израел, кој по истекот на првата фаза од договорот за примирје ги обнови и нападите.

Тој најави и дека по Самитот на Арапска лига, министрите за надворешни работи на земјите-членки на Организацијата за исламска соработка ќе имаат средба во Саудиска Арабија, на која ќе биде разгледуван планот за обнова на Појасот Газа. ми/

фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR