Руски воен авион навлезе во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја, соопшти јужнокорејското Министерство за одбрана
- Руски воен авион денеска влегол во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја без претходно предупредување, соопшти јужнокорејското Министерство за национална одбрана.

Сеул, 20 март 2025 (МИА) - Руски воен авион денеска влегол во зоната на воздушна одбрана на Јужна Кореја без претходно предупредување, соопшти јужнокорејското Министерство за национална одбрана.
Руски воени авиони осум пати влегле во зоната за идентификација на воздушната одбрана на Јужна Кореја од 11 март до денес, соопшти Министерството.
Министерството за национална одбрана на Јужна Кореја соопшти дека поднело жалба до руското воено аташе во врска со случајот. паг/
Фото: МИА архива