• e diel, 28 korrik 2024

Руски воени бродови влегоа во водите на Хавана како дел од рутинска посета

Руски воени бродови влегоа во водите на Хавана како дел од рутинска посета

Хавана, 27 јули 2024 (МИА) – Руски воени бродови денеска по втор пат за два месеци запловија во водите на кубанската престолнина Хавана, во, како што ја нарекуваат кубанските власти рутинска посета.

Во знак на добредојде беа пречекани со почесен оган, а руските бродови од Балтичката флота, патролниот брод „Неустрашими“, тренинг бродот „Смољни“ и помошни бродови ќе останат во кубанските води до вторник. За време на посетата руските морнари ќе учествуваат на различни настани.

Руските воени претставници ќе се сретнат со шефот на кубанската морнарица и со властите во Хавана. Локалните жители утре и задутре ќе можат да го посетат „Смољни“.

Руската нуклеарна подморница и бродови последен пат беа во пристаништето Хавана во јуни.

Фото: Х

QËNDRONI TË LIDHUR