• e enjte, 20 mars 2025

Руските сили собориле 132 украински беспилотни летала

Руските сили собориле 132 украински беспилотни летала

Москва, 20 март 2025 (МИА) - Руските сили синоќа соборија 132 украински беспилотни летала над руска територија, при што беа повредени најмалку две лица во нападите, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во Саратовската област, на околу 700 километри југоисточно од Москва, пресретнати се 54 беспилотни летала, а во соседната област Воронеж пресретнати се 40 беспилотни авиони, се наведува во соопштението.

„Градовите Саратов и Енгелс денеска го претрпеа најмасовниот напад со беспилотни летала“ од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година“, напиша регионалниот гувернер Роман Бусаргин на Телеграм.

Нападот предизвика пожар на територијата на воздухопловната база во Енгелс, каде што е во тек евакуација на жителите од околните куќи.

„Во нападот со дрон повредени се две лица во Енгелс и оштетени се зградите на две градинки, болница и училиште“, се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет. паг/

 

 

 

QËNDRONI TË LIDHUR