Почна маршот за настраданите во Кочани
- Со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, почна вечерашниот марш што го организира граѓанското движење „Кој е следен?“. Учесниците се собраа на плоштадот „Македонија“ од каде, преку „Триумфалната капија“, се упатуваат кон Собранито на Северна Македонија.
- Post By Мирјана Чакарова
- 19:19, 24 mars, 2025

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Со триминутен молк, положување цвеќе и палење свеќи за настраданите во Кочани, почна вечерашниот марш што го организира граѓанското движење „Кој е следен?“. Учесниците се собраа на плоштадот „Македонија“ од каде, преку „Триумфалната капија“, се упатуваат кон Собранито на Северна Македонија.
Тие скандираат "Доста беше смрт", "Секој еден, може да е следен", "Правда за жртвите" и "Доста бевме ние, системот е следен", а носат и транспаренти на кои пишува "колку мито треба за да ги вратиме жртвите", "нема тишина, само правдина",...
Предвидено е граѓаните да се распоредат во паркот „Жена борец“, спроти Собранието и Градската болница. Оттаму, со петминутен аплауз, ќе им оддадат почит на здрваствените работници.
Маршот потоа треба да породлжи кон хотелот „Холидеј Ин“, да помине преку мостот „Филип Втори и преку булеварот „Гоце Делчев“ да пристигне до Владата каде ќе има собир, 16-минутен молк за загинатите и говори.
„Koj е следен?" во најавата за маршот напоменува дека е исклучиво против секаков вид насилство и провокации, а воедно се оградува и од каков било повик, скандиранье (говор на омраза) или однесуванье кое има за цел да го наруши јавниот ред и мир.
-Забранети се партиски обележја зашто протестот е граѓанска иницијатова и не смее да се партизира. Учесниците да ги почитуваат инструкциите на редарите, да избегнуваат секаков вид провокации, да не носат остри предмети, оружје, пиротехника и да не фрлаат отпад, наведуваат од „Koj е следен?".
Додаваат и дека е забрането уништување на јавен и приватен имот.
Поради протестниот марш, од 19.00 часот е воведен посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје. СВР Скопје апелира да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници. мч/аа/
фото: МИА