• e martë, 25 mars 2025

Нова американско- балканска стопанска комора почнува со работа

Нова американско- балканска стопанска комора почнува со работа

Њујорк, 25 март 2025


Оваа недела ќе биде официјалното лансирање на Американската Балканска Стопанска Комора (ABCC), организација посветена на јакнење на економските врски и бизнис можностите помеѓу Соединетите Американски Држави и Балканскиот регион. Комората ќе биде клучен мост кој ги поврзува американските компании со Балканот и истовремено ги поддржува балканските компании кои сакаат да го освојат американскиот пазар.

- Основањето на Американската Балканска Стопанска Комора претставува важен чекор во трансатлантската трговија, изјави Елиза Пренџов, претседателка на ABCC. 

- Балканскиот регион нуди огромни можности за американските компании, додека пазарот на САД претставува значителен потенцијал за балканските компании. Нашата мисија е да jа помогнеме во оваа соработка и да создадеме долгорочни партнерства, вели Пренџов.

Клучните иницијативи на ABCC ќе вклучуваат:

● Промоција и олеснување на инвестиции
● Трговски мисии и бизнис делегации
● Консултантски услуги за влез на пазарот
● Мрежни настани и бизнис поврзувања
● Поддршка за политики и регулаторни насоки
● Образовни програми за бизнис
● Промоција на туризам

Комората почнува со видни и успешни членови од американски и балкански компании, од различни индустрии и го одразуваат силниот интерес за зајакнување на економските врски помеѓу овие региони.


Инаугуративниот настан ќе се одржи во Њујорк на 27 март 2025 година, и панел дискусии фокусирани на стратегиите за влез на пазарот и меѓукултурни бизнис практики.


За Американската Балканска Стопанска Комора 


Американската Балканска Стопанска Комора (ABCC) е непрофитна организација која има за цел да промовира трговијата и инвестиции помеѓу Соединетите Американски Држави и сите земји во Балканскиот регион. Комората ќе работи како поддршка на бизнисите од стартапи до мултинационални корпорации, обезбедувајќи ресурси и поврзувања за успех во двата пазара.
За повеќе информации за претстојните настани, посетете ја www.americanbalkancc.org или контактирајте на info@americanbalkancc.org.

 


Американска Балканска Стопанска Комора (ABCC)
_____________________________________________________________________________________ 
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки


Фото:ABCC

QËNDRONI TË LIDHUR