• e diel, 28 korrik 2024

Поради објавен текст од „Слободна Босна“, в.д. директорката на РТК поднесе оставка

Поради објавен текст од „Слободна Босна“, в.д. директорката на РТК поднесе оставка

Приштина, 26 јули 2024 (МИА) - Вршителката на должноста генерален директор на Јавната телевизија на Косово (РТК), Зана Спахиу, поднесе оставка, што ќе стапи на сила на 30 јули, пренесе Бета.
Спахиу поднесе оставка неколку дена откако РТК и РТК Лајв пренесоа дел од текст на босанскиот портал „Слободна Босна“ во кој се наведува дека одредени медиуми во балканскиот регион се финансирани од режимот во Белград.

Во написот се споменуваат и два косовски портала „Национале“ и „Перископ“.

Во Косово имаше реакција на овој текст, пред се поради тоа што РТК емитуваше дел од текстот, а потоа го споделија членови на Владата.

Опозициските партии во Косово објавија дека медиумите „се претвориле во алатка на обичниот интерес на владата“, додека невладините организации и активисти на Косово бараат смена на Управниот одбор и раководството на РТК.

Текстот кој беше објавен на веб-страницата на РТК Лајв, потоа го споделија пратениците и активистите на Самоопределување. зш/

QËNDRONI TË LIDHUR