Нетанјаху ги овласти израелските преговарачи да продолжат со разговорите за ослободување на заложниците
- Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги овласти израелските преговарачи да ги продолжат разговорите во Доха за да обезбедат договор за ослободување на заложниците, откако Израел и Хамас неодамна разменија обвинувања за одложување на договорот.
- Post By Јасмина Тасевска
- 20:33, 2 janar, 2025
Тел Авив, 2 јануари 2025 (МИА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги овласти израелските преговарачи да ги продолжат разговорите во Доха за да обезбедат договор за ослободување на заложниците, откако Израел и Хамас неодамна разменија обвинувања за одложување на договорот.
- Премиерот Бенјамин Нетанјаху овласти професионална делегација од Мосад, израелската војска и ИСА (Агенција за внатрешна безбедност) да ги продолжи преговорите во Доха, се вели во соопштението од неговиот кабинет, повикувајќи се на индиректните разговори со посредство на Катар, Египет и САД, јави Ал Џезира. јт/
Фото: МИА архива