• e hënë, 06 janar 2025

Најмалку осум лица го загубија животот, а 15 се повредени во пожар во Кина

Најмалку осум лица го загубија животот, а 15 се повредени во пожар во Кина

Пекинг, 4 јануари 2025 (МИА) - Најмалку осум лица го загубија животот денеска, а 15 се повредени во пожар на пазар во северна Кина.

Властите ги истражуваат причините за пожарот во Жангџиакоу, провинцијата Хебеј, кој беше изгаснат за нешто повеќе од еден час откако избувна во 8:40 часот по локално време, објави Кинеската централна телевизија.

Медиумите пренесуваат дека се работи за пазар отворен во 2011 година, каде се продаваат различни производи, од овошје, зеленчук и морски плодови до електроника. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR