• e martë, 07 janar 2025

Германско МВР: Прекините во информациските системи на аеродромите не се предизвикани од хакерски напади

Германско МВР: Прекините во информациските системи на аеродромите не се предизвикани од хакерски напади

Берлин, 4 јануари 2025 (МИА) - Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчерашните прекини на информациските системи на германските аеродроми не биле предизвикани од хакерски напади, јави ДПА.

„Во моментов нема индиции за хакерски напади или каков било друг инцидент поврзан со безбедноста на информациските системи“, изјави портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

Вчера имаше доцнење на летовите, но причина за тоа беа пречки во информацискиот систем управуван од Федералната служба за криминалистичка полиција, соопшти Министерството за внатрешни работи. Прекините главно ги погодија патниците кои пристигнуваат или заминуваат од земји надвор од Шенген зоната. Во некои случаи, проверката на пасошите мораше да се направи рачно. Повеќето од дефектите до синоќа беа санирани.

Дефектот е лоциран „во хардверот на ИТ мрежата“ и се очекува целосното решавање на проблемот да потрае уште неколку дена, објасни портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи. Тој додаде дека Федералната полициска служба работи со своите партнерски органи за обновување на нормалното работење и откривање на причините за дефектите. рп/

Фото: МИА архива

QËNDRONI TË LIDHUR