• e diel, 28 korrik 2024

Најмалку 30 загинати во израелски напад во централна Газа

Најмалку 30 загинати во израелски напад во централна Газа

Газа, 27 јули 2024 (МИА) – Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад врз училиште во Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа се искачи на најмалку 30, а повеќе од 100 лица се повредени, соопштија палестинските здравствени власти.

Претходно беше соопштено дека повеќе од 24 Палестинци, меѓу кои и деца и жени, се убиени во нападот на училиштето во кое се сместени голем број раселени лица.

Официјални лица најавија дека бројот на загинати би можел да биде поголем, бидејќи операциите за пребарување и спасување сè уште се во тек.

Во соопштението на израелската војска (ИДФ) се наведува дека цел на нападот бил „команден и контролен центар на Хамас во училишниот комплекс Кадија во центарот на Газа“.

Во соопштението се тврди дека училиштето „се користи за напади врз војници и како складиште за оружје. ИДФ исто така наведува дека ги „предупредувала цивилите“ пред нападот.

Претходно денеска, во бегалскиот камп Ал-Бурејџ, пет Палестинци беа убиени во израелски воздушен напад врз куќа, додека уште четворица беа убиени во друг напад на куќа во Рафа, во близина на границата со Египет. јт/

Фото: ЕПА

QËNDRONI TË LIDHUR