Над 2.200 лица загинаа или исчезнаа во Средоземното Море во 2024 година
- Најмалку 2.200 лица загинаа или исчезнаа во Средоземното Море во 2024 година, при што речиси 1.700 од нив загинале по централниот средоземноморски пат, изјави регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Реџина де Доминчис, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
- Post By Сања Костовска
- 13:40, 2 janar, 2025
Рим, 2 јануари 2025 (МИА) - Најмалку 2.200 лица загинаа или исчезнаа во Средоземното Море во 2024 година, при што речиси 1.700 од нив загинале по централниот средоземноморски пат, изјави регионалната директорка на УНИЦЕФ за Европа и Централна Азија, Реџина де Доминчис, пренесува италијанската новинска агенција АНСА.
Де Доминчис, која е специјален координатор за бегалците и мигрантите во Европа, изјави дека меѓу жртвите има стотици деца и тинејџери.
Податоците беа објавени по трагедијата што се случи во пресрет на Нова година, кога околу 20 лица кои отпатувале од Либија беа пријавени како исчезнати.
Седуммина преживеани, меѓу кои и осумгодишно момче кое ја загубило мајка си, беа пренесени на сицилијанскиот остров Лампедуза, а подоцна сместени во прифатниот центар во Агриџенто. ссм/
фото: архива