• e mërkurë, 19 shkurt 2025

Младите од Општина Струмица подготвени да работат на локални предизвици

Младите од Општина Струмица подготвени да работат на локални предизвици

Струмица, 17 февруари 2025 (МИА) - Во Струмица успешно е реализиран петтиот и последен форум за млади лидери во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван“, соопштија организаторите, Здружението „Икуалити“.

На форумот учествувале 11 лица на возраст од 16 до 24 години: 36 отсто на возраст од 15 до 17 години, 63 отсто на возраст од 18 до 24 години.

-Младите на Форумот, кој се одржа на 14 февруари, во просториите на Здружението „Новус“ во Струмица, aктивно учестваа во три менторски обуки. Обуките се однесуваа на три теми, обуката за јавен настап и креативно изразување, со цел унапредување на индивидуалните комуникациски вештини, обуката за индивидуално и групно застапување, со цел претставување пред различни институции и тела во рамки на правниот поредок во земјата, но и на меѓународно ниво и третата обука посветена на техники и методи за одржување на стабилен имунитет на физичко и психичко ниво, се наведува во соопштението.

Додаваат дека по успешните форуми во Општина Аеродром, Гостивар, Битола, Куманово и Струмица, „Зен 2.0 Караванот“ продолжува да ги поттикнува младите и преку нивно активно делување и иницирање промени да ги поврзе со локалните власти и надлежните институции за одбраниот проблем, со цел постигнување промена која е иницирана и остварена благодарение на нивните заложби.

Инаку, иницираните промени на младите лидери од пет општини, кои веќе се во процес на имплементирање во Скопје, Гостивар, Битола, Куманово и наскоро во Струмица, ќе бидат објавени на посебен настан во текот месец март 2025 година. рт/дма/

Фото: Здружение „Икуалити“

QËNDRONI TË LIDHUR